Дали знаевте дека можете да влијаете на дејството што го имате врз животната средина кога печатите?
1. Видот на хартија што го користите има влијание на дејството врз животната средина на Вашиот печатач. Одбирањето на хартија која е сертифицирана според практиките за управување со животната средина, како на пример EN 12281:2002, или хартија која носи признаени еко-етикети може да помогне да се намали Вашето влијание врз животната средина преку практиките кои што ги спроведува производителот. За одредени примени, може да се употреби полесна хартија како на пример 64 g/m² хартија.
2. Можете да ја намалите потрошувачката на енергија со купување на производи кои се во согласност со меѓународната програма Energy Star.
3. Можете да ја намалите потрошувачката на хартија и влијанието врз животната средина со автоматско печатење на двете страни од листот.
4. Како стандард, Вашиот печатач има функција за управување со енергијата која што го исклучува Вашиот производ кога не е во употреба, што претставува одлична особина за заштеда на енергија.