Решавање на проблемите
Печатачот не може да се поврзе со мрежата
Проверете дали е вклучен печатачот.
Проверете дали кабелот за напојување е приклучен во печатачот и во штекер.
Проверете дали кабелот за USB е приклучен во печатачот и во компјутерот.
Не може да се најде печатачот во мрежата
Заштитниот ѕид или софтверот против шпионски софтвер може да го блокира EpsonNet Setup. Направете исклучок за EpsonNet Setup за да му овозможите да ги изврши конфигурирањата на мрежата.
Ако се поставени ограничувања на пристапната точка (безжичен рутер и сл.) регистрирајте ја адресата за Контрола на пристапот кон медиуми (MAC) или IP-адресата на печатачот на пристапната точка. Проверете ја MAC-адресата на контролниот панел на печатачот или на листот за состојба на мрежата.
Ако мрежата е достапна, проверете дали печатачот е во иста подмрежа.
Не може да се комуницира преку безжична мрежа
Проверете дали е вклучен печатачот.
Проверете дали е вклучена пристапната точка (или безжичниот рутер).
Проверете дали SSID (Име на мрежата) што се користи на пристапната точка е одбрано или внесено правилно.
WEP-шифрата или WPA-фразата се чувствителни за големината на буквите. Проверете дали WEP-шифрата или WPA-фразата се внесени правилно.
Приближете го печатачот кон пристапната точка или приспособете ја надворешната антена на пристапната точка.
Радиобранови интерференции од други безжични уреди може да го попречуваат безжичното поврзување.
Проверете да не се вклучени други безжични уреди во близина.
Проверете дали е воспоставена комуникација меѓу компјутерот и пристапната точка (или безжичниот рутер).
Ако мрежата е достапна, проверете дали печатачот е во иста подмрежа.
Проверете SSID (Името на мрежата) да не содржи знаци што не се ASCII. Печатачот не може да прикаже знаци што не се ASCII.
Почекајте неколку минути откако ќе ги примените мрежните поставки. Може да потрае додека поставките се активираат.