Доколку печатачот не биде препознаен при инсталација на драјверот, обидете се со решенијата понудени во овој дел.
1. Дали е печатачот вклучен?
2. Дали се компјутерот и печатачот правилно поврзани?

1. Дали е печатачот вклучен?

Проверете дали е печатачот вклучен.
Проверете дали е струјниот кабел безбедно вметнат во електричниот штекер.
Тестирајте ја струјата така што ќе вметнете струен кабел од друг електричен уред во електричен штекер и ќе го вклучите. Доколку дојде струја до другата електрична направа, можеби се работи за неисправност на печатачот.

Доколку печатачот се исклучи:

Вклучете го печатачот и потоа кликнете на копчето Назад.

Доколку печатачот се вклучи:

Продолжете со следниот чекор.

2. Дали се компјутерот и печатачот правилно поврзани?

Проврете дали е USB кабелот безбедно поврзан со печатачот и компјутерот и проверете да не е USB кабелот оштетен или лошо свиткан.
Печатачот нема да биде препознаен при инсталација на драјверот доколку е поврзан со прекинувач за печатач или со баферот на печатачот. Во тој случај обидете се директно да го поврзете печатачот со компјутерот преку USB кабел.
Доколку го поврзувате печатачот со компјутерот преку USB хаб, поврзете го печатачот со најблискиот хаб до компјутерот. Доколку драјверот на печатачот и покрај тоа не биде препознаен на вашиот компјутер, обидете се директно да го поврзете печатачот со компјутерот без USB хаб.
Доколку го поврзувате печатачот со компјутерот преку USB хаб, проверете дали USB хаб уредот е препознаен од вашиот компјутер.

Доколку компјутерот и печатачот не се правилно поврзани, поврзете ги правилно и потоа кликнете на копчето Назад.